Упатство за користење на германско-македонско-германскиот речник

Барање на поими во речникот

При барање на одреден поим во речникот може да се одреди неговата позиција, како и точноста со која го пребаруваме поимот во речникот.

Позиција
напред насекаде

Бараниот поим се бара по азбучен редослед, како и во секој друг печатен речник. Тогаш се пребаруваат единствено оние зборови кои почнуваат со бараниот поим.

Така на пример, доколку се внесе зборот „мир“, како резултат речникот ќе ги даде преводите на зборовите „мир“, „мирољубив“, „миротворец“, „мирно“, „мирува“ итн.

Со оваа опција дадениот поим се бара насекаде.

Тоа значи дека на пр. при внесување на зборот „мир“ и избирање на опцијата насекаде, речникот ќе ги даде следниве резултати: „мир“, „мирољубив“, но и зборови како што се „немир“, „немирко“, се „смирува“, се „помирува“ итн., каде што бараниот поим се наоѓа на крајот или во средината на зборот.

Превод на бараниот поим

При барање на одреден поим се јавуваат преводи од двата речника: превод на германскиот термин на македонски јазик (германско-македонски речник), како и македонскиот поим преведен на германски (македонско-германскиот речник). Доколку сакате да добиете превод од македонски на германски, македонскиот збор мора да го внесете со кирилично писмо или да притиснете на зборот. Во спротивно нема да го добиете соодветниот превод за поимот.

Линкови

Пред дадените резултати се јавуваат букви, кои водат кон следниве линкови:

Пред германските зборови се јавуваат следниве букви:

D е линк кој води кон Дигиталниот речник на германскиот јазик

G укажува кон кратката онлајн Граматика на германскиот јазик

Пред македонските зборови се појавува буквата:

M која го поврзува дадениот збор со Дигиталниот речник на македонскиот јазик

Кратенки

Веднаш зад поимите можат да се јават и следниве кратенки:

Граматички категории Стручна област Потекло на зборот Јазичен стил
m,f,n,pl = машки, женски, среден род, множина ADM = администрација DE = германски ALT = стар, архаичен израз
abk = кратенка ART = уметност EN = англиски DIA = дијалект
adj = придавка BAU = градежништво FR = француски UGS = уличен, разговорен јазик
adv = прилог BERGB = рударство GR = грчки
art = член BIO = биологија LAT = латински
conj = сврзник BOT = ботаника SL = словенски
name = име BUS = бизнис TR = турски
num = број CHEM = хемија
part = партикула CT = компјутер и телекомуникации
prep = препозиција ECO = екологија
pron = заменка ESSG = јадења и пијалаци
v,p = глагол, партицип GEO = географија
HIST = историја
JUR = право
LING = лингвистика и јазик
MATH = математика
MED = медицина
MIL = војска и полиција
MUS = музика
RELIG = религија
SPORT = спорт
STEIN = камења и минерали
TOUR = туризам
TECH = техника